Легендарниот италијански напаѓач Антонио Касано ја потресе нацијата со изјавата што ја даде.

Имено, тој рече дека Италија требаше да загуби со 5:0 од Шпанија во полуфиналето на Европското првенство и дека „Црвената Фуриа“ заслужи да оди во финалето наместо „Азурите“.

“Бевме одлични во групната фаза, но веќе се боревме против Австрија, Белгија исто така имаше шанса да не загрози. Против Шпанија, требаше да загубиме со четири или пет гола разлика”, рече Касано.

Сепак, тој смета дека, што се однесува до финалето, Италија заслужи победа над Англија.

“Против Англија, по слабиот старт, го освоивме теренот и доминиравме во играта. Пикфорд имаше неколку добри интервенции. Бевме подобри и заслужено славевме”, изјави поранешниот репрезентативец на Италија.