Селекцијата на Италија е нов европски првак. Предводени од Роберто Манчини „Аѕурите“ три години немаат пораз. На 34 мечеви во низа Италија не заминала со наведната глава по завршувањето на натпреварот.

Но, сепак ова не е најдобрата серија. На првото место со најдолга серија без пораз се Бразил и Шпанија кои имаат по 35 меча во низа без пораз. Со оглед на тоа дека во септември месец, Италија ќе одигра два меча во квалификациите за СП 2022, може да избие на првото место на вечната листа. На 2-ри септември играат против Бугарија, а три дена подоцна против Швајцарија.