Италијанската модна куќа „Валентино“ најави дека од следната година нема да користи природно крзно.

Овој потег е дел од одлуката на брендот да стане еколошки ориентиран бизнис. Како дел од напорите за редефинирање и заживување на брендот, компанијата исто така ја затвора својата подружница за крзно, „Валентино Полар“.

Ставот без крзно е совршен во согласност со вредностите на нашата компанија. Се движиме со полна пареа во истражувањето за алтернативни материјали со оглед на поголемо внимание на околината за претстојните колекции“, истакна извршниот директор на „Валентино“, Јакопо Вентурини.

Мода без крзно

Валентино се придружува на растечката листа на луксузни модни куќи веќе не користат природно крзно за своите колекции, меѓу кои „Нордстром“, „Мејси“, „Александар Меквин“ и „Баленсијага“.

Организациите за заштита на животните, кои долго време повикуваа на модните куќи и брендови да престанат да користат природно крзно, го поздравија овој потег.

Извршниот потпретседател на ПЕТА – организацијата за заштита на животни, Трејси Рејман, како одговор на соопштението на „Валентино“ рече: „По повеќе од една деценија кампањи, вклучително и протести – од страна на ПЕТА и нашите меѓународни филијали, „Валентино“ објави дека ќе престане со употреба на природно крзно“.

Мартина Плуда, директорка на италијанската кампања „Humane Society International“ ја опиша одлуката на „Валентино“ како „главен клинец во ковчегот за суровата трговија со крзно“.