Италијанските екипи се исклучително успешни во Европа оваа сезона, синоќа сите кои играа се пласираа во осминафинале. Во осминафинале од Лигата на шампионите веќе играат Наполи, Милан и Интер. Од синоќа се познати и патниците за осминафинале во Лига Европа и Конференциската Лига.
Јувентус и Рома рутински си ја завршија работата, ги совладаа екипите на Нант и Салцбург и се пласираа во осминафиналето од Лига Европа. Во Конференциската лига, Лацио ја задржа предноста против Клуж, а Фиорентина ја совлада Брага. Наполи, Милан, Интер, Јувентус, Рома, Лацио и Фиорентина се уште се во Европа.
Италија последен пат толку екипи во осминафиналните натпревари во Европа имала во сезоната 1990/91, тогаш имала осум./Sport1/