Вакцините против ковид-19 се помалку ефикасни кај луѓе со компромитиран имунолошки систем, покажаа три студии во Италија.

Нивните резултати покажуваат дека во просек околу 30 проценти од луѓето со ослабен имунолошки систем не развиваат имунитет кон вирусот по вакцинацијата. Останатите 70 проценти реагираат на вакцината, особено по втората доза, но во помала мера од здравите луѓе и со разлики помеѓу групите, се наведува во соопштението од болницата Бамбино Џесу во Рим, каде што беа спроведени трите студии.

Тие беа спроведени на група од 21 пациент со имунолошки дефицит, меѓу 34 деца и млади луѓе кои беа подложени на трансплантација на срце и бели дробови и на 45 млади луѓе со трансплантација на бубрег и црн дроб. Резултатите покажуваат потреба да се зголеми нивото на заштита на најранливите со засилувачки дози вакцини, соопшти болницата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.