Украина ја обвини Русија дека ѝ се одмаздува со напади врз енергетската инфраструктура за нејзиниот неуспех на бојното поле. Според Киев, цел на руските одмазднички удари било водоснабдувањето и електраната во Харков.

Прекинот на струја зафати 135 села и градови; Харков, вториот по големина град во Украина и Доњецк се целосно без струја и имаат проблеми со водоснабдувањето. Руските напади доаѓаат во време кога украинската контраофанзива во овие области беше успешна. Украина тврди дека презела контрола на над десетици градови и села.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, напредокот може да означи потенцијална пресвртница во повеќемесечната војна и оти зимава Украина може да врати многу други окупирани области. Според информациите од Киев, руската армија се повлекува и од јужните делови на областа Керсон. Украинскиот штаб објави дека напаѓачите ги напуштиле своите позиции. /Alsat.mk

Прикажи повеќе