Џесика Фокс освои бронзен медал за Австралија на Олимписките игри во Токио во трка со кајак со седишта.
Фокс успеа да добие бронзен медал во трката за кајак со седишта и постигна голем успех.
Австралиската натпреварувачка се најде во центарот на вниманието на јавноста откако откри дека има проблеми со својот кајак пред почетокот на оваа трка, и дека нема време да го поправи.
Нејзиниот кајак беше оштетен однапред што го забележа пред трката, па се одлучи за неверојатна работа.
Имено, Фокс одлучила да користи кондом што го ставила на оштетеното место, и на тој начин учествувала во трката и на крајот успеала да дојде до бронзен медал.
Таа објави видео на Инстаграм по трката и покажа како го „поправила“ кајакот и го користела кондомот што го добиваат учесниците кога доаѓаат во Олимпиското село.
„Се обложувам дека не знаевте дека кондомите може да се користат за поправка на кајак“, напиша Австралијката покрај видеото што го објави на Инстаграм по освојувањето на бронзениот медал.
За Фокс ова е трет медал на Олимпијадата бидејќи успеа да освои два сребрени медали пред тоа.
Таа за првпат освои сребро на Олимпијадата во Лондон, а вториот медал од истиот сјај го освои четири години подоцна во Рио.