
Париз Сен Жермен уште еднаш доби „не“ од Интер за понудата да го доведе Милан Шкриниар во зимскиот преоден рок. Понудата била 8 милиони евра, плус уште 2 милиони во вид на бонуси. Италијанскиот клуб сепак претпочита да го задржи дефанзивецот додека не му истече договорот на лето.
Пред неколку дена и самиот Словак призна дека веќе потпишал договор со ПСЖ за трансфер од новата сезона. И тој сака да се пресели во Париз до крајот на денот, но очигледно дека Интер нема тоа да го дозволи.
На одбивањето на Интер влијаеше и тоа што немаат обезбедено замена за Шкриниар, откако преговорите за Хари Мегваер или Виктор Линделоф од Манчестер Јунајтед не дадоа резултат.