Весникот „Кориере дело спорт“ кој веќе најави дека кинеските сопственици сакаат да го продадат Интер, објави нови информации во кои го открива името на заинтересираниот купувач но и цената.

Иако сë уште не е службено, весникот тврди дека во финансиските кругови во Италија кружат информации дека „Нероаѕурите“ ќе ги купи инвестицискиот фонд „BC Partners“, чие седиште е во Лондон и е еден од најголемите инвестициски фондови во Европа. „BC Partners“ управува со имот вреден 23 милијарди евра.

Претседателот и сопственик на Интер, Стивен Жанг, иако пред неколку денови демантира дека го продава клубот, шпекулациите се зголемија и се појави сумата за која ќе биде продаден клубот. Наводно сумата се движи помеѓу 400 и 500 милиони евра.
Веќе се одржале неколку состаноци помеѓу Жанг, „BC Partners“ и „LionRock“ фондот кој е малциски сопственик на клубот, а на последниот наводно е договорена и сумата. Заинтересираниот купувач се согласил на сума помеѓу 400 и 500 милиони евра како и да ги презеде долговите на Интер кои се движат помеѓу 350 и 400 милиони евра.

Според историјата на работење на инвестицискиот фонд, тие вообичаено купуваат компании со лоши финансиски резултати, во наредните пет до седум години ги реорганизираат, го подобруваат нивното портфолио и потоа ги препродаваат со заработка од 10-15 проценти на годишно ниво.

Бомба, Интер оди на продажба