Министерот за здравство, Фатмир Меџити, е одлучен да го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, Сашко Јовев. Од Министерството за здравство велат дека инспекторите утврдиле дека Клиниката нема поднесено финансиски извештај за минатата година, и не побарала согласност од Министерството за дежурствата, за последната година до трите месеци од 2023 година. Клиниката, исто така, немала електронски докази за присуство на медицински персонал за работното место и распоредот. Дежурните според инспекторите се организирани и платени врз основа на коефициентот.

За време на обелоденувањето на неправилностите, инспекторите рекоа дека е невозможно лекар физички да остане на работа 30 дена 24 часа, и да прифати 200 повици и да држи 8 дежурста, алудирајќи на утврдените неправилности.

Разрешениот директор Јовев, нерегуларностите ги нарече смешни, бидејќи според него има само мали отстапки.

Но, неколку дена откако беше разрешен од функцијата директор, министерот за здравство, Фатмир Меџити, јавно го повика кардиохирургот Јовев да стане дел од неговиот кабинет како национален советник за кардиохирургија. Меџити не прецизираше дали ќе ја преиспита одлуката за разрешување, но рече дека во иднина инспекторите на Министерството за здравство, ја разгледуваат работата на економскиот директор на оваа Клиника, а доколку има повреда и од негова страна, ќе сноси одговорност.

“Го повикувам истакнатиот професор да стане мој национален советник за кардиохирургија. Покрај тоа, ќе се обврзам дека буџетот на Клиниката што го наследив, кој е во дефицит за време на ребалансот на буџетот, подготвен сум да побарам тој буџет да се зголеми. Почитуваниот професор Јовев, ќе продолжи да работи на Клиниката за кардиохирургија, а јас безрезервно ќе го поддржувам во неговата понатамошна работа како професор“, рече Фатмир Меџити, министер за здравство.

Јовев поканата да стане дел од кабинетот ја смета за чест, но вели дека неговото место е на чело на кардиохирургијата. Од назначувањето на Фатмир Меџити, за министер за здравство, вкупно 20 Клинички директори се разрешени, а оставки поднеле 20 директори на клиники, некои од нив по констатирање на неправилностите. Неправилностите се констатирани од страна на инспекторите на Комисијата за утврдување на вршењето на надзаконските работи на јавните здравствени установи.