Една од најпознатите социјални мрежи „Твитер“ денеска ќе ги информира своите вработени околу иднината, откако милијардерот ја презеде компанијата за 44 милијарди долари.

„Отпуштањата имаат за цел да го стават Твитер на здрав пат“, стои во мејлот на компанијата.

Канцелариите ќе бидат затворени, а привремено пристапот на овластените лица суспендиран. Денеска до 17 часот сите вработени ќе добијат мејл со содржина „Вашата улога во Твитер“, а оние кои нема да бидат погодени ќе бидат известени преку нивниот мејл.