Илон Маск, моментно најбогатиот човек во светот продава сѐ што има за да собере доволно пари за финансирање на колонии на Марс.

Откако го претекна Џеф Безос по богатството и стана најбогатиот човек на светот, сопственикот на „Тесла“ на својот твитер-профил ја истакна изјавата од 2018 година во која рече дека „мора да изградиме град на Марс за да ја осигуриме иднината на видот во случај Земјата да ја погоди метеорит или ако се убиеме меѓусебе во уште една светска војна.“

Маск јавно ги објави големите планоиви за трошење на сите 188 милијарди долари со кои располага, пренесува Бизнис инсајдер.

Милијардерот планира да вложи повеќе пари во колонизација на Марс, а за тоа да го постигне планира да продаде поголем дел од тоа што го поседува.

Всушност, во моментов немам скоро ништо што е многу скапо освен акциите во моите компании“, рекол Маск во разговорот со директорот Аксел Спрингер Матиас Дофнер.

Ако има многу работа, преспивам во фабриката или во канцеларијата, а ако се со мене и моите деца, изнајмувам некој стан.“

Маск во мај минатата година најави дека планира да продаде сѐ што поседува, вклучувајќи ги и куќите. До денес ги продаде сите свои куќи и собра 100 милиони долари.

Сметам дека е многу важно човештвото да стане вид кој патува низ вселената. Ќе ни требаат многу ресурси за да направиме колонија на Марс – за тој план сакам да придонесам најмногу што можам.“, рече Маск.