Клиниката „Жан Митрев“ веќе почна да прави нов IgG SARS – CoV-2 тест, кој се препорачува да се направи после примена втора доза од вакцината.

Со цел тестот да биде прецизен и да ги даде одговорите кои се бараат, од Клиниката „Жан Митрев“ препорачуваат најдобар временски период кога треба да се испитуваат IgG антитела кон SARS CoV -2 ,,Spike протеин кај вакцинирани пациенти.

  1. Кај лицата вакцинирани со„Фајзер – Бионтек“, „Модерна, АстраЗенека“, „Спутник V“ и „Синовак“ се препорачува да се проверуваат антителата после 15-от ден од примената втора доза на вакцина.
  2. Кај вакцинирани со кинеската„Синофарм“ се препорачува да се проверуваат антителата после 21-от ден од примената на втората доза, а според некои студии дури и после 4 до 6 недели.

Генерално антителата не се препорачува да се испитуваат порано од 15-от ден после примена втора доза од вакцината.

Овој тип серолошки квантитативен тест покажува каков е имунолошкиот одговор на организмот на примената вакцина. Со овој тест се детектираат IgG антителата, вклучително и неутрализирачките антитела, на рецептор-врзувачкиот дел (RBD) S1 субединицата на „spike“ протеинот на SARS-CoV-2.

Тој може да помогне при:

– Одредување и следење на имунолошкиот одговор на вакцините, вклучувајќи и истражување за да се утврди колку долго трае одговорот;
– Во проценка дали нивото на антителата е резултат на природен одговор на вирусот или одговор на примената вакцина;
– Во проценка на нивоата на антитела за да се утврди потенцијалот за донирање на конвалесцентна плазма.

Доколку се следи ефектот од вакцинацијата, многу е важно тестот да се изведува во иста лaбораторија, со ист метод. Ова се препорачува бидејќи различни лаборатории имаат различни тестови и вредности.

Секако, достапни се и веќе познатите типови на тестови:
IgG SARS-CoV-2 тестот од крвта, кој детектира антитела на нуклеокапсидниот протеин на вирусот.
IgM SARS-CoV-2 тестови, кои овозможуваат откривање неодамнешна инфекција и понатамошна прогресија на болеста.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во Клиниката „Жан Митрев“.

(комерцијален текст)