Можноста од воведување тријажа повторно ја бранува Германија. Дали третиот бран од корона- заразата навистина ќе биде толку сериозен што лекарите ќе треба да одлучат кој пациент да се поврзе со респиратор или да се префрли на единицата за интензивна нега, а кој ќе се препушти на судбината? Нешто слично се случи минатата година на некои места во Франција, Шпанија и Италија.

„Добрата вест е дека ќе се грижиме за сите пациенти и дека нема да има тријажа во Германија“, вели Кристијан Карагијандис, кој е одговорен за регистарот во Германското здружение за интензивна нега и итна медицина (ДИВИ), кој ги регистрира установите за интензивна нега.

– Advertisement –

Тој додава дека пред да се одлучува за тријажа, прво ќе следи план на работа фокусиран апсолутно итни ситуации.

Иако досега повеќе пати беа вклучувани аларми во јавноста поради исполнетоста на болници, „тријажата не се практикува од почетокот на пандемијата“, вели за ДВ портпаролот на ДИВИ, Јохан Албрехт.

Прикажи повеќе