Драматична ситуација со Ковид-19 во Индија. Секој ден индиската држава бележи раст на нови случаи, а здравствениот систем колабира. Во последните 24 часа во државата има скоро 324.000 нови позитивни случаи што е светски рекорд. Претходниот дневен негативен рекорд го држеа САД со кој во еден момент за 24 часа потврдија 290 илјади нови случаи. Една од причините е индиската мутација на вирусот. Низ болниците на главниот град Њу Делхи и надвор се врши хоспитализација на пациентите. Лекарите се под притисок да обезбедат кислород и слободни кревети.

„Ситуацијата е критична. Оваа пандемија е најлошата што сме ја виделе досега. Овие две недели ќе бидат пекол за нас“, рече Шаранг Сахдев, Шеф на Ургентниот центар.

„Купувам кислород како да купувам злато. Ситуацијата дојде до тоа ниво. Цената се покачи, а се забележува и трговија на црно. Луѓето ги купуваат потребните лекови многу поскапо од реалната вредност“, вели Ашиш Чаудри, Раководител на болница.

Од Светската здравствена организација соопштија дека ситуацијата во Индија е повеќе од депресивна и оти колку што се може ѝ се помага, имајќи го во предвид многубројното население кое е една милијарда и 300 милиони жители. Досега во Индија се регистрирани над 15 милиони позитивни случаи со над 145 илјади починати.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе