Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез доби понуда за нов договор со подобри услови од Манчестер Сити. Актуелниот шампион на Англија е подготвен да му понуди поголема плата, посебно по добрите игри на Мундијалот и освојувањето на светската титула со Аргентина.

Алварез е обврзан со неговиот постоечки договор до 2027 година.

„Граѓаните“ во моментот имаат пет бода негатива во однос на лидерот Арсенал во трката за шампионската титула во Премиер – лигата./Makfax/

Прикажи повеќе