Шефот на полициската управа Паг, Жељко Бљајиќ, во изјава за новинарите во врска со пукањето утринава на плажата Катарелац, на островот Паг, потврди дека е убиен маж од Црна Гора, а осомничениот е државјанин на Србија.

„Утрово полицијата добила дојава дека од огнено оружје е рането машко лице. Осомничениот е уапсен, а ранетиот починал на пат кон болница. Не можам да коментирам дали се работи за нарачано убиство, но и за оружјето што е употребено“, рече тој.

Хрватската полиција е во контакт со колегите од Србија и Црна Гора и заедно работат на расветлување на убиството, пренесува Задарски.хр.

Пукањето се случило пред ноќен клуб, а очевидци велат дека виделе како едно лице му пука во глава на друго лице.

Прикажи повеќе