По одигрувањето на натпреварите од 3.коло од групата Е се знае против кого ќе игра Хрватска во осминафиналето на ЕУРО.

Синоќа Хрватска ја освои нокаут фазата со победа над Шкотска (3:1) по бледото отворање на турнирот, а на патот кон четвртфиналето ќе игра против поранешниот светски и европски шампион Шпанија.

Иако се чинеше дека ривал на Хрватска ќе биде Шведска, ситуацијата се смени во самиот финиш. Шведска го освои првото место во групата со победа над Полска (3:2), додека Шпанија заврши на второто место на табелата.

На крајот, голот на Класон во 94. минута и донесе победа на Шведска над Полјаците, а Шпанија го доби светскиот вицешампион за противник во осминафиналето.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ не ја посакуваше Шпанија, но неговата желба не се оствари, па неговиот тим ќе мора да игра против еден од најдобрите тимови во светот.

Засега сè уште е познато дека во осминафиналето ќе играат Велс и Данска, Холандија и Чешка, како и Италија и Австрија.