Некои генетски предиспозиции се „виновни“ дека дел од пациентите со Ковид-19 развиваат тешки форми на инфекција, потврди истражувањето на италијански научници, чии резултати ги објавува весникот наменет за медицинскиот персонал на „Популарна наука“, пренесува Танјуг.

Истражувачите го засноваа своето истражување на примерок од 1,7 милиони податоци зачувани во Меѓународниот центар за генетика на Ковид-19, кој вклучува 143 истражувачки центри од целиот свет.

Меѓу испитаните примероци имало и оние на 7.000 луѓе кои развиле тешки форми на инфекцијата од коронавирус.

Значењето на ова истражување е тоа што ќе им овозможи на научниците и медицинскиот персонал да го предвидат текот на болеста на заразените и соодветно да преземат мерки или да препишат третман.

Претходните истражувања потврдија дека постарите пациенти се почесто страдаат од потешки форми на Ковид-19. Исто така, претходните истражувања покажаа дека Ковид-19 е почеста кај мажите, како и дека се забележани потешки клинички слики кај пациенти со хронични заболувања.