Хотелот „Гејзер“ во Сијаринска Бања, на југот на Србија, стана кластер на ковид-19 откако е откриено дека 68 лица се позитивни на коронавирус, а тестирањето беше спроведено во неделата од Институтот за јавно здравје во Лесковац на вкупно 179 лица – 144 гости и 35 вработени.

Advertisements

Резултатите покажаа дека 54 гости и 14 вработени се позитивни, дознава агенцијата Фонет.

Меѓу позитивните, 13 имаат симптоми, додека другите, засега, се без никакви симптоми.

Исто така, се дознава дека 57 од позитивните се вакцинирани.

Но, не се тестирани повеќе од 100 гости кои биле на приватна прослава на детски роденден, која во хотелот била организирана во саботата од помошникот на градоначалникот.

На прославата присуствува и претседателот на општината, Небојша Арсиќ, кој по професија е лекар и командир на Штабот за вонредни состојби во оваа општина.