Индискиот претседател Рам Нат Ковинд е примен в болница во Њу Делхи откако почувствувал болка во градите, објавија државните медиуми.

– Претседателот на Индија пристигна во воената болница откако утрово почувствува непријатност во градите. Тој е веднаш прегледан и е под лекарски надзор. Неговата состојба е стабилна, се наведува во соопштението пренесено од медиумите.

Засега не се соопштуваат други детали.

Претходно во текот на месецов, Ковинд прими прва доза од вакцина против коронавирусот.