Холгер Руне го забележа најголемиот успех во досегашната кариера, избори пласман во финалето на Мастерсот во Париз. Младиот дански тенисер, 18. на АТП листата, продолжи со одличните настапи во последните неколку недели.

Тој во полуфиналето го победи Феликс Ожер-Алијасим со 6:4, 6:2. Руне на овој начин му се реваншираше на Канаѓанецот за поразот во финалето на турнирот во Базел.

Во големото финале, Руне ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, кјо во второто полуфинале го совлада грчкиот тенисер, Циципас со 2-1 во сетови (6-2, 3-6, 7-6).

Прикажи повеќе