Холандскиот град Харлем ќе биде првиот град во светот каде што ќе биде забрането рекламирање на месо на јавни места. Со тоа сакаат да придонесат за намалување на емисијата на стакленички гасови. Освен тоа, ќе биде забрането и рекламирање на уште некои производи и услуги.

Харлем се наоѓа западно од Амстердам и има 160.000 жители. Месото е ставено на листата со работи кои нема да може да се рекламираат на јавни места почнувајќи од 2024 година натаму.

Тоа значи дека рекламите за месо, за авионски летови, фосилни горива и автомобили нема да може да се ставаат на автобуси, згради во изградба, на јавни ЛЕД екрани.

Истраѓувањата утврдија дека глобалното производство на храна создава 1/3 од стакленичките гасови, со што се придонесува за глобалното затоплување. Утврдено е и дека производството на храна од животинско потекло е дупло поголем загадувач на планетата отколку производството на храна од растенија.

Шумите, кои апсорбираат јаглерод диоксид, се сечат за да се создадат пасишта. Земјоделските ѓубривс се богати со азот и како такви се причина за загадувањето на бодите, воздухот, за климатските промени и за оштетувањето на озонската обвивка.
Истражувањето на организацијата Greenpeace покажа дека годишната потрошувачка на месо мора да се намали на 24 кг по лице ако Европската унија сака до 2050 година да биде климатски неутрална. Годишнаата просечна потрошувачка на месо во ЕУ моментално изнесува 82 кг по лице, а Холандија е најголем извозник на месо во ЕУ.

Прикажи повеќе