Холандската полиција употреби водни топови за разбивање на протестите организирани поради ограничувачките мерки против коронавирусот во центарот на Амстердам и уапси повеќе од 100 лица поради фрлање камења и употреба на пиротехнички средства.

Протестот се случи еден ден откако владата воведе ноќен полициски час, првпат по Втората светска војна.

– Advertisement –

Меѓу демонстрантите имаше и сопственици на ресторани кои се спротивставуваат на „заклучувањето“.

Протест се одржа и во саботата вечерта, кога беа уапсени 25 лица низ целата земја и беа изречени 3 600 казни за кршење на полицискиот час.

Полицијата во Ајндховен, исто така, употреби водни топови и солзавец против стотици демонстранти и предупреди да се избегнува центарот на градот.

Прикажи повеќе