Според она што го пренесува RMC Sport во Франција, во конечниот список на репрезентација за Франција во Светското првенство во Катар ќе се најде и Оливие Жиру. Тренерот Дешамп во среда навечер ќе ги соопшти имињата кои ќе заминат во Катар, и меѓу нив е напаѓачот на Милан.

За него тоа ќе биде трето Светско првенство, а исто така ќе вреди и можноста да стане најдобар стрелец на Франција, ндминуваќи го рекордот на Тиери Анри (49 гола за играчот на Милан наспроти 51 за поранешниот шампион на Арсенал и Јувентус).

Инаку Жиру доживува втора младост во Милано. Како што пишува денеска „Кориере дела сера“, французинот и покрај 36 години, продолжува да постигнува голови, како оној во саботата против Специја. Неговото водство на теренот и надвор од него се дополнителна вредност за Милан, Малдини веќе е подготвен да го обнови договорот кој истекува во јуни. Ќе се продолжи за уште една година, веќе постигнат договор за 3,5 милиони нето, сегашните бројки. Бројките се на негова страна: 9 гола во 18 сезонски натпревари.

Во интервју за „Канал +“, неговиот соиграч во Милан, Златан Ибрахимовиќ изјави дека бројот 9 на “pосонерите”, заслужува да биде повикан од тренерот Дешамп.

„Дали Жиру го заслужи Светското првенство? Да, тој е победник и сериозен човек. Тој не е некој што некогаш ќе постигнува 40 гола годишно, но носи нешто во тимот што другите не го прават. Не е себичен, игра за сите. Кога дојде, му подаде силна рака на Милан, направи големи работи“.