Сите љубители на серијата „Riverdale“ и филмот „To All the Boys I’ve Loved Before“ ќе се израдуваат на веста дека ѕвездите од овие два проекти ќе ги здружат силите на новиот HBO филм. Станува збор за Кол Спрус и Лана Кондор, кој ќе го гледаме во новото остварување под називот „Moonshot“.

Moonshot е романтична комедија сместена во иднината, каде Марс го населиле најдобрите од најдобрите од Земјата. Два многу различни студенти ги здружуваат силите и се прикрадуваат во вселенски шатл кој ќе ги доведе до црвената планета со цел да се состанат со своите љубовни партнери.

И додека улогата на популарниот актер беше потврдена денес, Лана својата улога ја потврди уште минатото лето.

„Многу сум возбудена поради овој проект. Отсекогаш ме фасцинира патувањето во вселената. Апсолутно не можам да ја дочекам оваа авантура“, изјави тогаш актерката на Инстаграм