Манчестер Јунајтед подготвува неверојатен трансфер за големата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн следното лето, тврдат медиумите на Островот. Наводно и капитенот на Англија е отворен за идејата да им се приклучи на „црвените ѓаволи“, а клупските челници почнале да ја истражуваат можноста да го доведат на „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната.

Јунајтед го идентификуваше Кејн како главен летен приоритет бидејќи менаџерот Ерик тен Хаг сака да донесе напаѓач од светска класа во клубот. 29-годишниот напаѓач ќе влезе во последните 12 месеци од договорот со Тотенхем на лето, а сумата за него е 85 милиони фунти.

Доколку Манчестер Јунајтед не успее да го ангажира Кејн, следна цел ќе биде Виктор Осимен од Наполи./Makfudbal/

Прикажи повеќе