Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Џејмс Харден вчера го привлече вниманието со неговото непрепознатливо издание кога се појави на паркетот за средбата против Сан Антонио Спарс.

„Ракетите“ во претсезонскиот натпревар успеаја да слават со 112:98, а Харден средбата ја заврши со 12 постигнати поени за 21 минута колку што помина на паркетот.

Сепак, тој вниманието не го привлече со својата игра, туку со изданието кое ги шокираше сите вљубеници во кошарката. Имено, „Брадата“ се појави со многу поголема тежина и во издание кое не е соодветно за еден професионален кошаркар.

Иднината на Џејмс Харден во тимот на Хјустон се уште е неизвесна откако претходно одби да го продолжи договорот со тимот. Се споменува дека тој кариерата би можел да ја продолжи или во Бруклин Нетс или во Филаделфија.

Како и да е, за да реализира одличен трејд јасно е дека веднаш ќе треба да поработи на својата тежина која се гледа дека е прекумерна.