На Светското првенство во ракомет во Египет, кое заврши вчера, репрезентацијата на Данска ја одбрани светската титула, совладувајќи ја Шведска во финалето со 26:24.

Покрај титулата, Данците го имаа и МВП на шампионатот, а тоа беше одличниот Микел Хансен, кој ден по шампионатот даде интересен коментар за турнирот, како и признанието што го доби.

„Тоа беше тежок шампионат. Немав шанса многу да шутирам. Имав проблеми со стомакот, изгубив пет килограми, но на крајот сето тоа заврши добро“, рече Хансен.

Изјава која сигурно изненади многумина, имајќи предвид дека Хансен им даде на Шпанците 12 гола во полуфиналето, а во финалето беше најефикасниот играч на неговата репрезентација.

loading…