22 април е официјалниот старт на проектот за Коридорите8 и 10, каде што изведувачот Бехтел и Енка започнува со изработка на проекти, на урбанистички на основни проекти, со цел да започне и постапка на експропријација на земјиштито кое што е приватно.
– Се очекува изведувачот да изврши снимање на теренот, состојбите, постоечката состојба на трасата. Да се утврди каде има подземни, надземни инсталации кои можеби ќе треба да бидат дислоцирани во текот на самата градба. Да се утврди постапката на геотехнички, геомеханички истражувања бидејќи без такви квалитетни анализи кои што претходат на почетокот на градбата, верувајте ќе имаме големи проблеми и одлагања на понатамошниот тек на градбата и тоа ќе има негативни влијанија врз целиот проект, соопштија од Министерството за транспорт и врски.
Во меѓувреме нападите врз проектот не запираат. Координирано опозициски видни личности, анти-западни политички партии, но и медиуми повеќе блиски до истокот отколку до западот продолжувааат со хајката врз проектот.
Со реакција се јави и владејачката СДСМ, која порача дека проектот се реализира согласно Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 е донесен во 2021 година и оттука сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода. Додека СДСМ реализира децениски стратешки проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противат на секој успех на државата, велат од СДСМ.
Дали нападот врз Бехтел е поради тоа што се работи за американска компанија?
Американската компанија „Бехтел“ е формирана на крајот на 19. век – во 1898 година, а изминатата 2022 имале годишен приход од 17,5 милијарди долари, што е повеќе од БДП на Северна Македонија, кој во 2022 година изнесувал 14,2 милијарди.
Според „Форбс“ оваа компании е на 20. Место на листата на најголеми приватни американски компании и работеле и работат на некои од најважните инфраструктурни проекти.
Во Сан Франциско, „Бехтел“ го дизајнираше и изгради најголемиот и најнапреден систем за брз транзит во светот. Овој проект доби признание од „ Американско здружение за јавни работи“ како еден од десетте најважни јавни проекти во 20. век, заедно со браната Хувер, Голден Гејт Бриџ во Сан Франциско и Панамскиот канал.
„Бехтел“ во моментов работи и на изградба на аеродром во Сиднеј. Аеродромот во Западен Сиднеј во Австралија е проект вреден над четири милијарди долари. Овој аеродром во Сиднеј се очекува да биде финализиран во 2026 година и да биде еден од најголемите во Австралија со над 10 милиони патници годишно.
Симптоматично е што нападот врз конзорциумот се случува во време кога ситуацијата меѓу истокот и западот е поларизирана поради конфликтот во Украина, и со право се отвора прашањето дали можеби атакот врз проектот за коридорите 8 и 10д е поради тоа што во процесот е вклучена американска компанија, а хистеријата против проектот во Македонија воглавно ја водат луѓе со анти-американски ставови.
Превземено од Центар.мк