Гугл Хром апликацијата за Андроид сега на корисниците им овозможува да погледат некоја интернет страна пред да ја отворат.

Доколку сте ја ажурирале апликацијата на верзијата 89, доволно е да задржите со прстот на линкот малку подолго и ќе ви се појави опцијата „Preview Page“, која во моментов е достапна само за мобилните телефони кои работат на Андроид оперативен систем.

Ова не е голема иновација, но е корисна доколку сакате да отворите интернет-страна, а не сте сигурни што има на неа или пак не сакате да ја напуштите таа на која сте моментално.