Македонскиот репрезентативец го израмни рекордот по бројот на настапи од клупата во најсилното италијанско првенство.

Горан Пандев настапи од 71 минута во гостинската победа на Џенова вчера против Кротоне (0:3).

Тоа беше 154 настап на Пандев како замена во Серија А, и така се израмни со поранешниот италијански репрезентативец Серџо Пелисие.

Наскоро нашиот играч се очекува да биде и апсолутен рекордер, следниот меч неговиот клуб ќе го има на 6 февруари дома во македонскиот дуел против Наполи на Елиф Елмас.

Пандев ја игра својата шеста сезона во Џенова, претходно играше и за Галатасарај, Наполи, Интер, Лацио, Анкона, Специја и Беласица.