Навистина сме зачудени од континуираните напади на СДСМ кон Град Скопје и градоначалничката Арсовска, околу енергетската криза и проблемите кои произлегоа околу загревањето на скопјани, велат од Град Скопје.

-Градот Скопје и да сака не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата. Ниту градот Скопје има средства колку што има Владата на располагање, ниту има инфраструктура што ја поседува Владата да го реши овој проблем, па ниту има ингеренции.   Поради неодговорното однесување на централната власт и несериозниот пристап кон енергетската криза, сегашните мерки кои ги предлага и презема централната власт доцнат  речиси половина година, кои за жал, веќе придонесоа за распространување на кризата и поскапувања на сите енергенси, прехранбени продукти и сл, велат од Град Скопје.