Преку објава на својот фејсбук профил градоначалникот на Гостивар посочи дека буџетските пари, што се определени за украсување за Новата година, ќе ги донира во Центарот за аутизам, кој се гради во Гостивар.

Со гордост можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишнитe празници, јас и мојот тим планираме да ги донираме во Центарот за аутизам што се гради во градот. Верувам дека сите ќе се согласат да го одминеме јавното украсување за Нова година, и така да заштедиме енергија, но пред се ќе придонесеме таму каде најмногу е потребно, во Центарот за аутизам, вели во објавата градоначалникот на Гостивар.