Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс запишаа голема победа на гостувањето кај Милвоки Бакс (129-133). Средбата во „Фисерв Форум“ беше директна пресметка на двата моќни „големци“ Ентони Дејвис и Јанис Адетокумбо, а заврши со поуспешна партија на кошаркарот на Лејкерси.

Advertisements

Се играше натпревар кој на стартот му припадна на домаќинот, меѓутоа гостите го презедоа водството и одржуваа резултатска позитива. Иако во еден момент имаа и највисоки +15, Лејкерси на крајот дозволија приближување, па и во неколку моменти минимално водство на Бакси. Ентони Дејвис со „дабл-дабл“ ефект го поведе тимот до победата, запишувајќи 44 поени и десет скока, додека Адетокумбо заврши со 40 поени.

Шампионот Голден Стејт во тесен натпревар го совлада Чикаго (119-111). Пул и Томпсон го поведоа тимот до триумф, иако Булси го имаа расположаниот Вучевиќ. На останатите терени гостински славја запишаа Мајами по продолжение слави кај Бостон (116-120), Њу Орлеанс кај Сан Антонио (99-117) и Хјустон во Феникс (121-122). Пред своја публика, пак, се радуваа Атланта против Денвер (117-109), Шарлот триумфираше против Вашингтон (117-116), Бруклин слави со Торонто (114-105), Кливленд беше подобар од Орландо (107-96), Мемфис ја победи Фииладелфија (117-109), како и Јута против Индијана (139-119).

Прикажи повеќе