Фудбалерот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, има повреда на мускулот, потврди клубот. Алжирскиот репрезентативец има делумно кинење на левиот бутен мускулот.

Поради ова Бенасер сигурно ќе го пропушти неделното дерби против Интер. Тој ќе биде подложен на дополнителни тестови следната недела бидејќи клубот се надева дека ќе биде подготвен за домашниот натпревар од Лигата на шампионите против Тотенхем на 14 февруари.

Играчот од средниот ред е една од клучните алки во тимот на Стефано Пиоли. Оваа сезона има 27 настапи за „росонерите“ во сите натпреварувања.

Прикажи повеќе