Светскиот Куп во алпско скијање продолжи на американскиот континент. Италијанката Софија Гоџа повторно победи на спустот на Лејк Луис, што е нејзина втора победа во во два дена.

Advertisements

Второто место го освои Нина Ортлиб, 26-годишната Австријка е ќерка на Патрик Ортлиб, олимписки шампион во спуст од Албервил во 1992 година. Трета низ целта мина Корин Сутер. Гоџа дојде до деветнаесеттата победа во Светскиот Куп и опасно се доближи до врвот на генералниот пласман за Светскиот Куп.

Норвежанецот Александар Омод Килде триумфираше на вториот спуст во тековната сезона од Светскиот Куп во американскиот зимски центар Бивер Крик. Швајцарецот Марк Одермат и Џејмс Крафорд од Канада го комплетираа подиумот. За Килде, кој настапи и болен, ова беше осма победа во спуст во Светскиот Куп

Прикажи повеќе