Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја осуди прокламираната руска анексија на четири украински региони во источна и јужна Украина. Повеќе од три четвртини од 193-членото Генерално собрание гласаа за резолуција која го нарече потегот на Москва незаконски. Само Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија ѝ се придружија на Русија во гласањето против резолуцијата. Триесет и пет земји беа воздржани од гласањето, вклучувајќи ги Кина, Индија, Јужна Африка и Пакистан.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер напиша дека е „благодарен на 143 држави кои ја поддржаа историската резолуција дека обидот на Русија за анексија е безвреден“. Резолуцијата „го осудува организирањето од страна на Руската Федерација на таканаречените референдуми во меѓународно признатите граници на Украина“ и „обидот за нелегална анексија“ објавен минатиот месец на четири региони од претседателот Владимир Путин. Исто така ги повикува сите ОН и меѓународните агенции да не признаваат какви било промени кои Русија ги најавува на границите и бара Москва „веднаш и безусловно да ги повлече“ своите одлуки.

Прикажи повеќе