Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше нападнат од италијанската геј заедница поради коментарите на фестивалот во Санремо.
Домаќинот Амадеус го запраша Златан како би го организирал фестивалот во неговиот дом, а Ибра имаше решение.
„Пејачите би биле во дневната соба, девојките во собата со мене, а ти ќе правиш кафе во дневната соба“, му рече Златан на водителот Амадеус.
Потоа го праша што би направил пејачот Ахил Лауоро, кој инаку е геј, а Златан отпушти:
„Ќе го ставевме во гаражата да се грижи за автомобилите. Крадците сигурно нема да влезат и да однесат ништо затоа што би биле исплашени од него“, рече Златан.
Портпаролот на Геј заедницата Фабрицио Марацо го обвини напаѓачот на Милан за хомофобија и дискриминација.
„Зборуваше погрдни зборови. Го стори истото во Шпанија во 2010 година кога еден новинар го праша дали е хомосексуалец, на што тој одговори да ја донесе својата сестра и да провери. Користеше дискриминаторски и хомофобични зборови“, рече Марацо.