Раководството на Кошаркарската федерација одржа прес конференција на која се зборуваше за учинокот на кошаркарките на квалификацискиот турнир во Перм. Тодор Гечевски, кој е спортски директор зборуваше за иднината на селекторот Александар Тодорово.

Договорот на Александар Тодоров потенциравме уште кога одржавме прес за негово претставување како селектор дека е врзан со пласман на Европското првенство, на кое за жал не се пласиравме. Сепак, го чекаме извештајот од селекторот кој треба да стигне наскоро. Потоа ќе има состанок на раководството и заедно ќе одлучиме дали договорот ќе биде продолжен. И кај нас се поделени чувствата во врска со овие квалификации. Момците покажаа карактер и тимска игра. Бевме блиску и до победа против Русија, но најверојатно неискуството и невоиграноста пресудија за да резултат биде таков каков што беше и да не се пласираме. На нас останува да продолжиме да работиме со младите, да организираме семинари и за нашите тренери, па на претквалификациите за Светското првенство во август да се покажеме во подобро светло, вели Тодор Гечевски.