Обвинителот Гаврил Бубевски е избран за шеф на скопското обвинителство, дознава Фокус од сигурни извори.

Во трката со Бубевски, кој беше дел од згаснатото СЈО беа и обвинителите Ермон Незири и Елизабета Павловска.

Обвинителот Бубевски се споменуваше и како наследник на републичкипт јавен обвинител Љубомир Јовески, кој се очекува да биде избран за Уставен судија.

Бубевски доаѓа на местото на Сашо Рајчев кој ја напушти позицијата откако беше избран за виш јавен обвинител.