Копретседавачот на Независната комисија, Џулиен Лизанж, која истражува случаи на сексуална злоупотреба од страна на вработени во СЗО, рече дека е „од суштинско значење“ водечкото здравствено тело на Обединетите нации да изготви работен план за обесштетување на жените и девојчињата жртви на сексуалната злоупотреба.

Advertisements

“Прашањето за компензација е многу, многу важно. Бебињата се родија, жените беа оставени да се чувствуваат непријатно”, рече таа, пренесува “Гардијан“.

Во извештајот објавен оваа недела, независна комисија утврди дека 21 сторители на злосторства, вклучително и силување, работеле за СЗО.

По силувањето, 29 жени забремениле, а некои жени подоцна биле принудени да абортираат по наредба на силувачот, се додава во извештајот.

Лизанж и членовите на независната комисија ја повикаа СЗО да направи план за исправување на неправдата кон жртвите кога ќе заврши истрагата.

Многу жртви се пожалија дека не добиле никаква помош и дека се оставени сами да се справат со „физичките и моралните последици“ од злоупотребата. Затоа, сега чекаме СЗО да обезбеди значителна репарација“, изјави Лисенц за Гардијан.

Сепак, според проценката на британскиот весник, д-р Гаја Гамхеваге, директорка на СЗО за превенција и одговор на сексуална експлоатација, вознемирување и злоупотреба, во својата изјава оставила простор за мнение дека го одбива предлогот за специфичен надомест.

“Потврдуваме дека ни се потребни лесно достапни средства на теренот за жртвите, како и поддршка за нив, тоа е многу јасно. Меѓутоа, во системот на Обединетите нации не постојат одредби за финансиска компензација за жртвите”, рекла Гамхеваге.