Англискиот премиерлигаш Ливерпул го промовираше холандскиот напаѓач Коди Гакпо, кој доаѓа од ПСВ Ајндховен како ново големо засилување.

Advertisements

„Возбуден сум што сум тука. Ова е извонреден клуб за мене и ќе се обидам да покажам сè што знам. Едвај чекам да истрчам на ‘Енфилд’, слушнав неверојатни приказни за стадионот, атмосферата и не можам да дочекам“, изјави Гакпо.

Тој ќе мора да се врати во Холандија и да добие работна дозола пред и дефинитивно да се приклучи на тимот на Јирген Клоп со право на настап по отворањето на зимскиот преоден рок.

Прикажи повеќе