Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди условен буџет од вкупниот договорен буџет за 2021 година за ЈЗУ Клиника за детски болести за набавка на лекот Kalydeco/Ivacaftor во износ од 6.663.048 денари, за лекување пациенти со цистична фиброза.

Лекот, како што соопштија од Фондот, ќе се користи за обезбедување здравствени услуги на трoјца пациенти кои се лекуваат во ЈЗУ Клиника за детски болести.

Согласност за набавка на лекот побара Клиниката за детски болести, а Министерството за здравство издаде согласност за набавка на овој лек, во согласност со член 9 од Законот за здравствено осигурување. Одобрението што го даде Фондот, е во траење од два месеци, по што од страна на Клиниката за детски болести ќе се направи анализа за успешноста на примената терапијата. Доколку резултатите се позитивни, а имајќи предвид дека се работи за доживотна терапија лекот Kalydeco/Ivacaftor по претходно спроведена процедура за негово вклучување преку Комисијата за ретки болести, понатаму ќе биде обезбедуван во рамките на Програмата за лекување на ретки болести за 2021 година, која е во надлежност на Министерството за здравство, а ја носи Владата, стои во соопштението.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.