Како одговор на критиките за кршење на правата на жените, во Катар се пишува историја. За прв пат во историјата на Светските првенства, женски судија ќе суди еден натпревар на СП.

Advertisements

Честа ќе и припадне на французинката Стефани Фрапарт, која ќе дрли правда на деликатниот натпревар меѓу Костарика и Германија, натпревар од групата Е, кој ќе се одигра в четврток.

Фрапар е една од трите судијки од 36 избрани за Светското првенство во Катар, а до сега ниту една не беше назначена да суди на натпревар од групата.

Сигурно е дека нема да биде лесен натпревар, бидејќи германците ризикуваат неверојатна елиминација пред да се пласираат во осминафиналето.

Прикажи повеќе