Францускиот министер за здравство Оливер Веран и даде поддршка на вакцината против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека, тврдејќи дека таа овозможува доволна заштита против речиси сите видови на коронавирус.

Тој ја прими оваа вакцина во центарот за вакцинација во Мелен, што беше телевизиски пренесувано.

Британското Министерство за здравство денеска соопшти дека нема докази оти вакцината на АстраЗенека не спречува смртни исходи, ниту тежок облик на болести, додавајќи дека Јужна Африка само времено ја прекинала нејзината употреба.

Јужна Африка одлучила времено да ја прекине вакцинацијата со дозите на компанијата АстраЗенека, откако податоците покажале дека дава минимална заштита од „средно тешки и сериозни облици на болести“ предизвикани од мутираниот вид на коронавирус кој е доминантен во земјата.