Франција денеска се подготвува за нови штрајкови и масовни протести против длабоко непопуларната пензиска реформа, еден ден откако пратениците почнаа да расправаат за контроверзниот закон.

Претседателот Емануел Макрон ја направи реформата централен дел на неговата кампања за реизбор минатата година и е решен да ја спроведе и покрај жестокото противење од политичката левица и синдикатите, како и од пошироката јавност.

Протестите закажани за денеска се трети вакви собири низ државата организирани од почетокот на годинава.

Според полицијата, на минатонеделните протести низ целата земја учествувале 1,3 милиони луѓе, додека синдикатите тврдат дека учествувале повеќе од 2,5 милиони луѓе. Сепак, тоа беа најголемите вакви протести во Франција од 2010 година.

Возовите и париското метро се очекува денеска повторно да имаат „сериозно нарушување“ на движењата, соопштија операторите, при што се очекува да бидат откажани околу еден од пет летови на аеродромот Орли јужно од главниот град.

Прикажи повеќе