Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, апелираше до Французите да примат вакцина против коронавирусот во што е можно поголем број и предупреди дека државата може да се соочи со нов, четврти бран на пандемија до крајот на месецот, поради позаразниот сој – Делта.

Веран на Твитер објави дека стапката на инфекција не опаднала во изминатите пет дена, туку повторно се зголемува поради Делта сојот на коронавирусот.

-Примерот на Велика Британија покажува дека четвртиот бран е можен од крајот на јули, објави Веран идодаде дека вакцинацијата во Франција мора да се спроведе побрзо.

-Нашата држава е во трка со времето, предупреди тој.