Деновиве на социјалните мрежи се прошири веста за јастреб глувчар кој бил повреден откако било пукано во него при што било повредено неговото крило. Ветеринарот д-р Диме вчера го оперирал со цел да му го спаси крилото.

Овој убавец Buteo Buteo (јастреб глувчар) кој е повреден, пукан во крилото а денеска беше опериран од најдобриот ветеринар Д-р Диме се со цел да му го спасиме крилото. Првично успеавме во тоа, има шипки ставено и е во фаза на рехабилитација“, се вели во објавата на фејсбук-профилот на „Falconry Macedonia“, во која беа повикани сите заљубеници во соколарството кои сакаат да чуваат птица грабкивка на легален начин да го згрижат повредениот јастреб.

За среќа, приказната овојпат заврши со среќен крај, преживеаниот јастреб наскоро беше вдомен и веќе е во сигурни раце.

Да ве запознаам со Гуру. Божја волја испаднало да имам шанса да го згрижам по операцијата во Ветеринарен Центар. Бесконечна благодарност до Трајче Китановски од „Falconry Macedonia / Harry hawk“ што ми го довери. Утрово медитиравме за да заздравиме сѐ што е повредено. Да повикаме сила поголема од нас да помогне еден ден да лета повторно. Иако има страв, духот му е бестрашен. Иако му е сѐ ова ново, мудро набљудува. Гледам дека прозорот постојано го повикува, небото и сонцето му го држат вниманието. Ама и дозволува да биде згрижен. Покрај дивината. Јастребот, Гуру го завикавме. Има многу да учи и да нѐ научи“, вели Ивана Батев која моментално се грижи за јастребот во објавата на својот фејсбук-профил.