Американскиот рапер ДМХ, со вистинско име Ерл Симонс, почина пред две недели на 50-годишна возраст, по компликации што следеа како резултат на срцев удар.

        Фoто: Профимедиа

Светските медиуми во тоа време објавија дека ДМХ се предозирал со недозволени супстанции, поради што претрпел инфаркт. Следувале бројни здравствени проблеми, а по операцијата раперот бил во вегетативна состојба. Од ден на ден немало закрепнување во однос на мозочните активности на ДМХ.

                                                                 Фото: Профимедиа

Њујорк вчера се прости од раперот, а во текот на на погребот музичката ѕвезда, илјадници луѓе излегоа на улиците да ја поздрават за последен пат хип-хоп легендата.

Ковчегот на раперот бил натоварен во багажникот, околу автомобилот имало мотоциклисти, а еден човек во автомобилот ја снимал целата глетка. Снимката наскоро беше објавена на Твитер, а додека некои коментираа дека „им недостасува неговата музика на ова величествено збогување“, други се прашувале „зошто го натовариле и кои се мажите коишто се снимаат од совозачкото седиште“.

Најголеми хитови на ДМХ се песните „Party Up (Up In Here)“ и „X Gon’ Give It to Ya“.

  Фото: Профимедиа